Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Новак: Сега ја чекаме ждрепката од Лигата на Европа, јас верувам дека можеме да направиме успех
Новак: Сега ја чекаме ждрепката од Лигата на Европа, јас верувам дека можеме да направиме успех

Новак: Сега ја чекаме ждрепката од Лигата на Европа, јас верувам дека можеме да направиме успех

Вардар пропушти голема шанса да испише историја и да мине уште еден претставник од скандинавија. По поразот очекувано сите играчи од редовите на Вардар се разочарани. За клубскиот сајт дефанзивецот на Вардар, Евгениј Новак говори за натпреварот и неговиот тек.

  „Ваков пораз вообичаено многу боли и тешко се прифаќа. Боли поради фактот што имавме резултат кој не носеше во следната фаза. Тоа што се случи на крај не можам и не сакам да го анализирам, затоа што уште сме сите во неверување. Мора да помине време и заедно да направиме анализа и да видиме каде грешевме.

Едно сакам да кажам, дека Вардар има потенцијал, има тим и има колектив што го покажавме на овие европски натпревари против Малме и против Копенхаген. Сега ја чекаме ждрепката од Лигата на Европа, јас верувам дека можеме да направиме успех. Плус не очекува и почеток на првенството, а за Вардар секој натпревар е важен“.