Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Солидно издание на Вардарките, Мицевска и Трпевска, во победата на кадетската репрезентација на ЕП во Скопје
Солидно издание на Вардарките, Мицевска и Трпевска, во победата на кадетската репрезентација на ЕП во Скопје

Солидно издание на Вардарките, Мицевска и Трпевска, во победата на кадетската репрезентација на ЕП во Скопје

Претстојниов период ќе биде актуелно европското ракометно првенство за девојки до 17 години кое се игра во Скопје. Женската кадетска репрезентација на Македонија веќе запиша две победи во групната фаза. Откако со службен резултат го добивме мечот со Грција, поради напуштање на теренот од страна на противникот, Македонија успеа да стигне и до триумф против врсничките од Швајцарија.

vardarfans-1

Конечниот резултат на овој дуел гласеше 24:23. Во текот на сите 60 минути гледавме неизвесен натпревар, каде двете екипи постојано се менуваа во водство. Ниту една од репрезентациите не успеа да има поголемо водство од два гола разлика. На полувреме резултатот беше израмнет на 13:13. Во последните пет минути од дуелот, Швајцарија влезе со предност од два гола, но избраничките на Црвенковска успеаа со серија од неколку погодоци да направат пресврт и на крај да слават голем триумф.

Што се однесува до ракометарките на Вардар, кои настапија на овој меч, Ивона Трпевска постигна еден гол, додека нашиот голман Јована Мицевска забележа шест интервенции.

vardarfans-2