Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! И шампионот на Словенија учесник на вардаровиот турнир “8-ми Септември“
Куглање! И шампионот на Словенија учесник на вардаровиот турнир “8-ми Септември“

Куглање! И шампионот на Словенија учесник на вардаровиот турнир “8-ми Септември“

По повод денот на независноста на Република  Македонија ќе се организира силен меѓународен кугларски турнир “8-ми Септември”.  Истиот ќе биде во целосна организација на кугларскиот клуб Вардар, ова е прв ваков турнир со желба и тенденција да стане традиционален во иднина. Според  првиот план покрај нашиот Вардар, македонскиот вицепрвак и Куп шампион, требаше да има    уште три учесници, силни екипи од Ех-Ју републиките, сепак дојде до измена и има нов силен учесник. Како што велат од клубот во соопштението :

Вистинско задоволство е кога реномирани европски клубови се искрено заинтересирани да настапат на нашиот прв турнир 8 СЕПТЕМВРИ… КК КАЛЦИТ КАМНИК добредојдени сте и ке ни биде задоволство!

Покрај Вардар, чест ни е да ги соопштиме и другите четири екипи-учесници на овој турнир:
- Шампионот на Србија- КК Београд
-Вицепрвакот на БиХ- КК Ревита-Б.Лука
– Медвешчак од Загреб (Хрватска)
– Шампионот на Словенија- КК Калцит Камник

 Напомена- Турнирот ќе биде екипен, но и поединечен, по крајот на истиот ќе бидат доделени награди екипно и на најдобрите поединци на истиот. Вардар се потруди и успеа да организира еден ваков квалитетен интернационален настан што само покажува дека во нашиот клуб се работи на завидно ниво. Во организирањето во пресред излегоа Градот Скопје и спонзори кој го препознаа овој квалитетен проект.