Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар го очекува тежок противник: Милан, Евертон, Динамо Загреб, Бордо, Зенит
Вардар го очекува тежок противник: Милан, Евертон, Динамо Загреб, Бордо, Зенит

Вардар го очекува тежок противник: Милан, Евертон, Динамо Загреб, Бордо, Зенит

По елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампионите, сега тимот на Вардар ќе продолжи со настап во плеј-офот за ЛЕ. Во четвртото коло во Лигата на Европа, Вардар ќе ја има улогата на неносител. Тоа значи дека на хартија на Вардар ќе му се падне многу позвучен противник од носителите.

Иако вечерва ќе бидат познати сите екипи, противник на Вардар би можел да му биде еден гигант како Милан, потоа екипи како Евертон, Фенербахче, Зенит, Динамо Загреб, Бордо, Австрија Виена и тн.

Ждребот ќе биде одржан утре со почеток во 13-00 часот. Првите мечеви во плеј-офот за ЛЕ се играат на 17-ми август, а реванш средбите се на 24-ти овој месец.