Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО)Дефинирани 17 можни противници во ЛШ на Вардар! Највисоко рангирани Селтик, Стеауа , Бате ,Апоел, Динамо,…најниско Скендер-бег!

(ФОТО)Дефинирани 17 можни противници во ЛШ на Вардар! Највисоко рангирани Селтик, Стеауа , Бате ,Апоел, Динамо,…најниско Скендер-бег!

Дефинирани се сите можни 17 противници на ФК Вардар за ждребката во Лигата на Шампионите која ќе се одржи на 22 Јуни . Датумите на мечевите се закажани  и тоа првите двомечи за 14/15 Јули , а реваншите УЕФА ги закажа за 21/ 22 Јуни.

vardarfans zdreb

Вардар се наоѓана 12тата позиција во втората половина од 17 тимови кои не се носители со коефициент 3,175 . И според ова зад нас се само тимови кои доаѓаат од крајно не фудбалски земји  како Малта, Луксембург , Андора. Најнепосакуван противник според коефициентот е Стеауа која има над 40 коефицинт, па следат тимовите кој се при врвот Селтик, Апоел, Бате , Лудогорец и Динамо  сите овие се атрактивни дуели , но со мали шанси сме да ги минеме . За нас најпосакуван е најнискорангираниот носител Албанскиот Скендер-бег тимот од кој кај нас дојде повторно Ацо Стојков . Според некое наше мислење сите тимови од под црвената линија која ја поставиме под Партизан се доволно добар предизвик да се минат . Доколку минеме бар едно коло ни се дава шанса за најмалце уште 4 европски мечеви за црвено-црните.