Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите ремизираа, младинците поразени од Шкупи
Пионерите ремизираа, младинците поразени од Шкупи

Пионерите ремизираа, младинците поразени од Шкупи

Полека завршува уште една сезона во младинските категории. Се играат последните кола од оваа натпреварувачка сезона. Во рамките на предпоследното коло, свои натпревари одиграа и пионерите и младинците на Фк Вардар.

-Пионерите иако во поголем дел од натпреварот ја бркаа предност на Шкупи, но сепак  успеаа до крај да одиграт реми . На гостувањето во Чаир одиграа 2:2 со екипата на Шкупи која поведе со високи 2-0. Стрелци за вардарци беа Дамјан Петрески кој го намали резултатот и Александар Георгиевски кој од пенал изедначи. По првото полувреме резултатот беше 2:1 за Шкупи екипа. Дефинитивно пионерите одиграа одличен натпревар и се наоѓаат во одлична форма на крајот од сезоната. Во последното коло на домашен терен, црвено-црните ја пречекуваат екипата на Шкендија.

-Младинците беа непријатно изненадени и поразени од своите врсници од тимот на Шкупи. Слабо издание на нашите момци, кои уште еднаш потфрлија пред овој противник. Да потсетиме дека истиов противник, ги елиминараше Вардар од полуфиналето на купот. Конечниот резултат гласеше 0:1. Во последното првенствено коло, гостуваме во Тетово на екипата на Шкендија.

Фото: Тк Медиа