Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Потсетување: Младинците на Рк Вардар станаа шампиони на Македонија, со максимален учинок на победи
Потсетување: Младинците на Рк Вардар станаа шампиони на Македонија, со максимален учинок на победи

Потсетување: Младинците на Рк Вардар станаа шампиони на Македонија, со максимален учинок на победи

Младинската екипа на Рк Вардар предводена од Стојан Петрушевски го повтори успехот од минатата година и го освои првото место во својата конкуренција. Патот до тронот беше долг, но црвено-црните успешно го поминаа забележувајќи максимален ефект на победи. Немаше екипа која можеше да ги победи изминатава сезона. Беа забележани вкупно 14 победи, од кои две на завршниот турнир кој се играше во Автокоманда. Ви ги презентираме сите резултати од оваа сезона.

1 коло: Рк Вардар-Рк Преспа 2010 35:19

2 коло: Рк Прилеп 2010-Рк Вардар 23:29

3 коло: Рк Вардар-Рк Охрид 2013 36:13

4 коло: Рк Метрополист спорт-Рк Вардар 17:22

5 коло: Рк Вардар-Рк Пелистер 25:13

6 коло: Младост јуниор-Рк Вардар 18:32

7 коло: Рк Преспа-Рк Вардар 19:37

8 коло: Рк Вардар-Рк Прилеп 2010 36:16

9 коло: Рк Охрид-Рк Вардар  24:41

10 коло:Рк Вардар-Рк Метрополист спорт  25:23

11 коло: Рк Пелистер-Рк Вардар  21:33

Во својата група убедливо го освоија првото место и се пласираа на завршниот турнир на четирите најдобри екипи кој се играше во Автокоманда.

Полуфинале: Рк Тинекс Пролет-Рк Вардар 17:18

ФИНАЛЕ: Рк Вардар-Рк Прилеп  28:18

Во идеалниот тим на завршниот турнир се надјоа и два наши играчи. Стефан Трпчевски најдобар десен бек и Тоше Ончев најдобар лев бек. Дел од овие млади ракометари имаа можност да дебитираат и за првиот тим на последните првенствени натпревари во Супер-лигата. Ончев, Арсеновски, Трпчевски, Јагуриновски, Кизиќ и Димовски беа дел од составот предводен од Раул Гонзалес. Останува да видиме дали баш некои од овие младинци, следната сезона би можеле да настапуваат за втората екипа, под водство на Пепи Манасков.