Денес заврши краткиот одмор на фудбалерите на ФК Вардар кој траеше од последното коло во Кратово. Денес фудбалерите и во текот на утрешниот ден ќе имаат стандарни медицински прегледи кои ги имат секогаш пред почетокот на новите подготовки за предизвиците кои следат .
Годинава порано почнува сезоната 2015/16 за црвено-црните бидејќи со титулата обезбедивме место во Лигата на Шампионите , исто така годинава Вардар ќе учествува и во мечот за титулата во “Супер купот на Македонија“ . Извлекување на противникот за УЕФА шампионската лига е на 22 овој месец (види). Со тренинзи се починава во среда на 10 јуни во Скопје . Медицинските прегледите се извршуваат во новиот медицински центар кој е во склоп на домот на црвено-црните – Спортскиот Центар Јане Сандански.
фото:fkvardar.mk