Историскиот пласман во групната фаза од Лигата на Европа нови и одредени проблеми за ФК Вардар. Момците на Чеде Јаневски ги очекува пеколен декември. Тие за две недели поточно од 3 до 17 тој месец, треба да одиграат дури пет исклучително важни и тешки натпревари.
Прв предизвик не очекува на 3 декември кога се игра мечот со Шкупи од 18. коло во ПМФЛ. Следна средба е на 7/12/2017 тогаш се игра дуелот од ЛЕ, Вардар – Розенборг. Три дена подоцна вардарци играат со Академија Пандев в гости (Струмица). На 13 декември се игра градското дерби со Работнички, дуел од 12. коло и на 17 декември, Вардар ќе го одигра првиот 1/4 финален меч од Купот на Македонија, ако во 1/8 финалето го мине Шкупи.