Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Време е за први бодови во групата, ајде Вардаре!
Време е за први бодови во групата, ајде Вардаре!

Време е за први бодови во групата, ајде Вардаре!

Вечерва ширум Европа се играат голем број на натпревари во Лигата на Европа, еден од главните настани од 19. часот ќе биде Скопје и натпреварот на Вардар и Реал Сосиедад.

Тимот на Вардар ќе се обиде да стигне до историските први бодови во една групна фаза, на патот на Вардарци стои силната шпанска екипа на Реал Сосиедад. Тимот на Сосиедад е составен од неколку квалитетни млади и пред се искусни фудбалери, тука главен акцент се става на младите играчи Јанузај и Ојарзабал, како и на искусните Прието, Вела и Иљараменди.

Од друга страна, нашиот Вардар, се чини дека ја фати потребната форма за едно големо натпреварување, по одличното второ полувреме против Шкендија, сега Вардар треба да одигра и добар цел натпревар против една Европска екипа. Радува враќањето на Новак во одбраната како и одличната форма на Итало, кој вечерва треба да го предводи нападот на Вардар. Се на се, очекуваме вечерва една добра претстава на нашите играчи и освојување на првите бодови во групата.

Веројатeн состав на Вардар:
Вардар – Гачевски, Демири, Новак, Грнчаров, Хамбарџумјан, Глигоров, Николов, Фелипе, Блажевски, Барсегјан и Итало.