Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар овој пат ќе напаѓа со Итало како шпиц
Вардар овој пат ќе напаѓа со Итало како шпиц

Вардар овој пат ќе напаѓа со Итало како шпиц

На неколку часа до натпреварот Вардар – Реал Сосиедад, веќе се надзираат почетните 11-мина кој ќе истрчаат на Филип II вечерва. Во таборот на Вардар, тренерот Јаневски се чини дека ги одлучи почетните 11-мина уште по натпреварот со Шкендија. Oд првата минута на теренот како најистурен напаѓач треба да биде Итало, бразилецот на дуелот против Шкендија беше најдобар поединец иако одигра само едно полувреме. Од друга страна, тимот на Сосиедад би требало да истрча со младите Јанузај и Ојарзабал  во нападот, заедно со 25-годишниот Вилиан Хозе. Средината на теренот ќе ја контролираат искусните Прието и Иљараменди. На клупата се очекува да остане играчот од Мексико, Карлос Вела.

Состав на Вардар: Гачевски, Демири, Новак, Грнчаров, Хамбарџумјан, Глигоров, Николов, Фелипе, Блажевски, Барсегјан и Итало.

Резерви: Алексовски, Глишиќ, Марковиќ, Џигаури, Исени, Трајчевски, Стојчевски, Петковски.

Повредени: Велковски, Брдаровски и Муслиу.

Без право на настап: Попов и Максимов.