Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2007 денес со два убедливи триумфа во детската лига
ФК Вардар генер.2007 денес со два  убедливи триумфа во детската лига

ФК Вардар генер.2007 денес со два убедливи триумфа во детската лига

Денес на терените на ФФМ, во првото пролетно коло ФК Вардар генерација 2007 одигра два натпревари. Момците на Филип Спасевски успеаа да дојдат до две и тоа високи и убедливи победи на ова прво коло за нив во детската лига оваа пролет.

q2

ФК Вардар-1 лесно се справи со ФК Милано и триумфираше со 4-0. Најпрвин на самиот почеток отворивме со 1-0, стрелец беше Стефан Младеновски кој доби прекрасна асистенција од Марко Киш. Пото,а Борјан Томовски се обиде со удар кој заврши крај стативата.  На сцена стапи Александар Грашевски тој успеаа да го удвои водството со погодок за 2-0 од пенал. Потоа истиот играч влезе одлично во казнетиот простор, и атрактивно зголеми на 3-0. Ние доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра на оваа средба. На одмор заминавме со овие три гола предност на нашето конто, иако требаше да погодиме повеќ.  Се редеа нови прилики пред голот на ривалот, најпрвин не погоди Грашевски, потоа се обиде Киш, а на крајот Младеновски асистираше до Томовски кој погоди крај гол од непосредна близина.

Прва шанса имаше Емир Шаботиќ кој со глава шутна над голот. Во овој дел исто така доминиравме како и во текот на првиот период, ние имавме повеќе од играта во поле, создававме прилики и напаѓавме постојано доминирајќи целосно. За прв гол во овој период имавме две големи прилики, најпрвин Злате Радевски со обиде со удар кој мина крај голот на противникот. Грашевски Александар се ослободи од своите чувари, шутна силно, сепак голманот беше поуспешен и во овој дуел. Кочечно усшеавме да го скршиме отпорот на нашиот противник во овој период. Грашевски Александар погоди за 4-0, резултат со кој се заврши оваа денешна прва средба во 2019 година во детската лига.

q3

ФК Вардар-2 го совлада Сарај со високи 8-1. Доминирвме целосно на оваа средба особено во првиот период кој заврши со четири гола позитива за црвено-црниот тим.  Најпрвин отвори со гол Михаел Јордановски кој погоди за 1-0 на ова средба. Потоа истиот играч доби асистенција од Филип Смиљков која ја искористи да го удвои водството на 2-0. Одлична топка во фор даде Иван Блажевски, Јордановски ја прими умешно и со неговиот трет гол ни донесе водство со 3-0. Во првиот дел имавме доста прилики, за погодок искористивме уште една. По изведена корна со глава погоди Димитар Фидановски за водство со 4-0, резултат со кој се замина на пауза на оваа средба и резултат кој наговести победа на црвено-црните.

q6

Вториот дел почна со наша шанса преку Петар Котевски кој шутна силно, сепак не успеаа да погоди. Ривалот искористи мало опуштање на нашиот тим и по еден прекин по неколку проигрувања успеа да намали на 4-1.  Сепак не помисливме да им дадеме прилика да се вратат во натпреварот, веднаш им “испорачавме“ два брзи гола. Најпрвин на 5-1 зголеми Иван Блажевски, потоа четвртти пар денес погоди Михаел Јордановски. Противникот се обиде во два наврати да намали, сепак денес одличниот Даниел Исајловски не дозволи повторно да биде затресена нашата мрежа. До крајот имавме три шанси, во првата Михаел Јордановски  погоди во едната статива, топката удри и во другата, сепак се врати во поле. Потоа Смиљков зголеми на 7-1, а печат на дуелот стави Михаел Јордановски  со неговиот петти гол денес. Ние забележавме победа со резултат 8-1.