Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Пионерите на РК Вардар лесно се справија со РК Драчево
Пионерите на РК Вардар лесно се справија со РК Драчево

Пионерите на РК Вардар лесно се справија со РК Драчево

Денес во “Јане Сандански“ во дуел од 11.коло во пионерската машка лига, РК Вардар го пречека тимот на РК Драчево. Во натпревар во кој по само 5.минути поведовме успеавме да дојдеме до победа со резултат 21-15.

Отвривме добро на почетокот по почетните 1-1, успеавме со серија од три врзани погодоци по добрата игра во нашата одбрана  да се одлепиме на плус три 4-1.  Игравме одлично во сите аспекти на ракометната игра, се играше гол за гол ние ја чувавме предноста стекната од почетокот се до 7-4. Во финалните минути од првиот дел момците на Зоран Петковски Зенга и Никола Бисинов, додадоа “гас“ успеаа  на еден гол на противникот да одговорат со четири во нивната мрежа. Па така успеавме да го удвоиме водството од три на дури шест гола. На одморот на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 11-5 за црвено-црниот пионерски состав.

Во вториот дел со нови два гола, на самиот почеток му најавивме на противникот од скопско Драчево дека бодовите се резервирани за нас. Поведовме по 2.минути ракомет со 13-5, односно со високи осум гола повеќе во однос на гостинот. Вториот дел беше игра на два тима кои се бореа за секоја топка, ние имавме голема предност па умешно со игра гол за гол ја сочувавме истата да не ни биде загрозена. Во финишот противникот единствено успеа да намали малку од негативата, па беше поразен со шест гола на оваа средба. Победата дојде со резултат 21-15 за момците во црвено-црна комбинација. Сите линии на нашиот состав одигаа одлично, голманите, одбраната и нападот на овој дуел.

Кај нас Трифуновски Виктор имаше шест гола, додека тројца момци умешно погодија по три пати во мрежата на Драчево. Станува збор за: Анакиевски Никола, Петковски Христијан и Петрушески Андреј.