Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Победа и пораз за ФК Вардар генер.2009 во Детската лига
Победа и пораз за ФК Вардар генер.2009 во Детската лига

Победа и пораз за ФК Вардар генер.2009 во Детската лига

Денес на терените на ФФМ , ФК Вардар генерација родени 2009 и помали одиграа натпревари од детската лига. Момците на Илија Колевски дојдоа до една победа и  еден пораз на денешните средби.

w3

ФК Вардар-1 лесно победи во дуелот со ФК Куманово со резултат 4-1 (2-1). Ние првиот дел го добивме со гол предност, иако имавме далеку повеќе од играта во поле на оваа средба. Доминиравме и нападнавме рано, успеавме и да отвориме со погодок на почетокот. За наша предност со 1-0 погоди Даниел Колевски, кој стрелаше за црвено-црниот состав. Потоа од пенал не успеавме да удовииме преку Дарин Михајлов. Сепак веднаш потоа Михајлов се издигна, влезе силно во атакот и погоди за удвојување на предноста на 2-0. Противникот успеаа да го преполови нашето водство погодиувајќи за 2-1. Токму со овој резултат и се замина на одмор на оваа средба.

w2e w2

Вториот дел започна со наша доминација, стрелците на головите Дарин Михајлов и Даниел Колевски ги имаа првите прилики. Нивните удари иако одлично изведени, силни завршија неколку сантиметра крај голот на нашиот ривал. Сепак ние имавме повеќе од играта и атакувавме на тоа да ја вратиме предноста од два гола во однос на противникот. Се обиде со удар од дистанца Павел Котески неговиот удар заврши крај левиот директ. Три прилики  потоа имаше Јаков Стојковски, кои не ги реализираше.  Конечно Стојковски искочи сам со голманот на ривалот, умешно силно по земја погоди за 3-1. Печат на дуелот стави Павел Котески – Митроски, тој изведуваше пенал. Силно и прецизно шутна крај десната статива, ефектно погоди за 4-1. Резултат со кој се заврши овој дуел и со кој тргнавме со победа во новата 2019.

w4

ФК Вардар-2 беше поразен во мечот со ФК Форца. Противникот успеаа уште по крајот на првиот дел да има предност од три гола со кои најави дека ќе триумфира денес. На одмор заминавме со негатива од 4-1. Во вториот дел ја подобривме играта во однос на првиот период. Сепак впишавме пораз со резултат 7-2. За нас на оваа средба стрелаа Давид Колевски и Максим Павловски.