Вардар денеска како домаќин во рамки на 14.коло од првата домашна лига ја пречека екипата на Брегалница. Црвено-црните победија на овој лигашки дуел со резултат 3-1, а на полувреме дуелот беше со резултат 1-1. Вардар денеска се одлепи на врвот на табелата од како конкурентот Шкендија одигра реми со Хоризонт Турново, ова успешно го искористивме за зголемување на предноста пред зимската пауза.
Седловски се одлучи за следните 11-сетмина да го стартуваат мечот: 28. Пачовски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 9. Блажевски, 16. Глигоров, 19. Хамбарџумјан, 20. Николов, 22. Ивановски, 58. Цезар Ромеро, 70. Фелипе. Изненадувачки на овој дуел прв во водство дојде тимот на штипска Брегалница со 0-1. Стрелец на погодокот за гостите беше Ангел Нацев во 6 минута. Вардарци напаѓаа за изедначување на резултаот но без успех. Така Ромеро во 20 минута од одличен слободен удар не успеја да го погоди голот за само неколку сантиметри. Вардаровата иницијатива вроди со плод во 27 минута кога итриот потег на Филип Ивановски носи изедначување 1-1. Со овој резултат се замина на полувреме . Вториот дел почна со доминација на црвено-црните на теренот и обиди да се дојде до водство првпат на дуелот. Шефот на стручниот штаб Гоце Седловски повлекува прв потег од клупата: првата измена во Вардар е излегувањето на Бобан Николов, а влегува Ацо Стојков во 61. минута. Вардар напаѓа и во 70 минута преку Хамбарџумјан промашува шанса, нашиот играч од неколку метри страла само во рацете на гостинскиот голман Захов. Црвено-црните се обидуваат со измена од клупата да влијааат на текот на настаните – втора измена во Вардар е : на местото на Цезар Ромеро, влегува Петар Петковски во 75.минута. Сепак во 80 минути Хабмарџумјан е тој што донесува пресвт на дуелот со гол за 2-1 од дистанца, конечно е скршен отпорот на гостите. Шиле од пенал во 86 минута само ја потврди победата и воедно го прекина својот стрелачки “пост“ .