Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Марко Кизиќ: Секој од моите соиграчи имаше свој придонес во победата
Марко Кизиќ: Секој од моите соиграчи имаше свој придонес во победата

Марко Кизиќ: Секој од моите соиграчи имаше свој придонес во победата

Кадетите на Рк Вардар ја забележаа третата победа во првенството, откако беа подобри од екипата на Тиквеш од Кавадарци. Црвено-црните одиграа одличен натпревар, каде доминираа во текот на сите 60 минути игра. Конечниот резултат од 40:10 ја отсликува реалната ситуација на теренот. Можеби неочекувано превисок триумф, но сосема заслужен за избраниците на Слободан Чивлачки. Противникот немаше никакви шанси за нешто повеќе да стори на овој меч, бидејќи го имавме повеќе од одличниот и расположен на голот Марко Кизиќ. Зад неговото име на крај беа впишани 27 одбрани и е најзаслужен за оваа голема победа. Овој меч се играше во спортскиот ракометен центар Кале.

-Во овој натпревар не го познававме нашиот противник баш најдобро, но тоа не преставуваше никаков проблем да победиме. Влеговме максимално концентрирани и мотивирани. Имавме потреба од голем триумф поради тоа што ни требаше гол разлика за второто место на табелата. Одигравме одличен натпревар со моите соиграчи и секој имаше свој придонес во победата. Оваа победа е резултат на напорната работа со тренерите Кристијан Грчевски и Слободан Чивлачки, изјави Марко Кизиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски