Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Триумфално“ во 6 коло на детската лига, за Фк Вардар генер. “2004“ и “2006“
“Триумфално“ во 6 коло на детската лига, за Фк Вардар генер. “2004“ и “2006“

“Триумфално“ во 6 коло на детската лига, за Фк Вардар генер. “2004“ и “2006“

Вардаровите генерации родени “2004“ и “2006“ година забележаа нови победи, во шестото коло на детската лига. Фк Вардар “2004“ настапи со две екипи, додека генерација “2005“ одигра само еден натпревар.

Фк Вардар(1) генер. “2004“ беше сигурен во својот настап на оваа лига. Избраниците на Филип Арсовски ја оправдаа фаворитската улога, против екипата на Сарај. Беше забележан триумф со резултат 4:0. Георг Стојановски постигна два гола, додека по еден беа дело на Марио Ричков и Игор Јаневски.

Фк Вардар(2) исто така го доби својот противник, во еден неизвесен натпревар со тесен резултат. Противник беше тимот на Бешикташ, кој го совладавме со резултат 4:3. Стрелци на головите беа: Перковски(2), Анчевски и Сурлов. Оваа генерација на фудбалскиот клуб Вардар продолжува со победи во детската лига и една од најуспешните.

Одличен натпревар и за избраниците на Игор Кралевски, генерација родени “2006“ година.

Фк Вардар (1) го победи Скупи во еден одличен и динамичен натпревар, со конечни 2:1. Црвено-црните пропуштија шанса да ја наполнат мрежата на противникот, имаа повеќе убави прилики за постигнување на гол и поголем посед на топка. Беше добар натпреавар за гледање со висок интезитет на игра. Давид Голубов и Давор Лефковски погодија за Вардар.