Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Денес се играше Вардар лигата, по трет пат во Штип
Денес се играше Вардар лигата, по трет пат во Штип

Денес се играше Вардар лигата, по трет пат во Штип

Најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар, наречен “Вардар лига“ денес продолжи да се игра во градот Штип. Целта на овој проект е нашиот најбогат фудбалски колектив да ја прошири својата младинска школа низ градовите од цела Македонија. За сега свои деца имаме во Охрид, Ресен и Валандово и Скопје. Вардар во својата школа има вклучено до сега 300 фудбалери кои настапуваат во детската лига, првенството и купот на Македонија, заедно со овие од регионалната лига, тоа се вкупно околу 1.000 Вардарови деца. Се планира да се гледаат и одбираат најдобрите играчи од цела Македонија и да се земаат во црвено-црниот дрес. На тој начин ја зголемуваме и пренесуваме љубовта на останатите кон нашиот Вардар. Голема улога во овој проект имаат координаторот на младинската школа на Фк Вардар, господинот Сашо Милошевски и легендарниот Слободан Мутибариќ, кој работи како тренер на голманите во овој клуб.

Во Вардар лигата настапуваат девет екипи, а се очекува овој број постепено да се зголемува. Тука се тимовите кои се во склоп на Вардар, како Фк Мал Ајакс од Штип и Слога од Виница. Денес свои настапи и натпревари одиграа Вардаровите генерации “2002“ и “2003“ . Фк Вардар генер. “2002“ играше против Слога од Виница и забележа триумф со резултат 5:4. На овој меч посебно одлични беа нашите чувари на мрежата. Во вториот натпревар настапи генерацијата “2003“ , но нејзиниот втор тим кој одигра нерешено 1:1 против Мал Ајакс од Штип. Стрелец на голот за црвено-црните беше Дамјан Марковски.