Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор го “преслуша“ фаворитот Работнички, во храмот Кале
Вардар јуниор го “преслуша“ фаворитот Работнички, во храмот Кале

Вардар јуниор го “преслуша“ фаворитот Работнички, во храмот Кале

Вардар јуниор ја оствари петтата победа во најсилната супер-лига, откако на денешниот дерби дуел го победи фаворизираниот тим на Работнички. Во неизвесна завршница, црвено-црните победија со резултат 26:25.

Избраниците на Пепи Мансков одлично го започнаа овој натпревар, на кој имаа водство од 5:1 во првите 9 минути игра. Првата постава беше Чаневски, Тренчевски, Јовчевски, Недановски, Андовски, Чурлевски и Давитковски. Во овој дел од мечот најзабележителен беше Филип Чурлевски кој успеаа да постигне три голови. Работнички дури во 7 минута, преку Мите Стоилов го постигнува својот прв гол. Чаневски на голот до тој момент има 4 успешни интервенции. Во наредниот период противникот успева да се врати во игра со три голови во серија за намалување на 5:4. Крилото Златко Мојсовски беше стрелец на последните два гола за својот тим. Првото израмнување на овој дуел се случува во 19 минута, кога најефикасниот поединец на Работнички Илиќ погодува за 7:7 на семафарот. Следи прво водство за гостинот, Милан Левов е успешен реализатор. До 25 минута следиме израмнета игра на двете страни, без посериозна предност. До крајот на првиот дел на сцена стапува бекот на Вардарци Вујачиќ кој постигнува три голови во серија за предност од 13:10. На полувреме се заминува со резултат 13:11.

Во вториот дел најинтересниот момент се случува во 36 минута, кога голманот на Вардар јуниор Ивановски постигнува гол од цел терен за предност од 16:14. Работнички повторно го враќа водството од првиот дел, но сега највисоки за нив 19:21. Вујачиќ беше единствениот наш расположен играч во моментите кога имавме негативата, па неговите голови не одржуваа во резултатска рамнотежа. Јовчевски не успеаа на два пати да погоди од крилна позиција и да го израмни резултатот. Противникот успеаа да прокоцка два гола разлика, или од предност од два гола позитива 23:25 да се најде во негатива од еден гол. Чурлевски најпрво израмнува на 25:25, а во следниот напад Работнички промашува од крило, односно Чаневски успешно интервенира. Јуниор со гол од седум метри, повторно преку Чурлевски погодува за 26:25. Работнички имаше последни 20 секунди напад, но нивниот обид од крилна позиција заврши во пречката од голот на Вардарци. На крај црвено-црните сосема заслужено победија и ја забележаа 5 победа во лигата.

Најфикасен на овој меч беше Андовски со 7 голови, Вујачиќ и Чурлевски додадоа по 6.