Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Одбраната беше клучна за успехот – Алтхаус: Среќна сум и горда на мојот тим
Кастратовиќ: Одбраната беше клучна за успехот – Алтхаус: Среќна сум и горда на мојот тим

Кастратовиќ: Одбраната беше клучна за успехот – Алтхаус: Среќна сум и горда на мојот тим

Вардарки конечно ја покажаа својата сила и одиграа одличен натпревар против Митјиланд. Данскиот шампион немаше никаква шанса да му се спротистави на нашиот состав, кој победи убедливо со резултат 33:24. Сите девојки одиграа добро и го дадоа својот максиум. Пенезиќ не водеше кон вториот триумф, со 10 голови. На пресот после завршување на мечот своите задоволства од постигнатиот резултат ги изнесоа тренерот Кастратовиќ и Ања Алтхаус.

-Сакам да им честитам на моите ракометарки, сѐ што се договоривме го одиграа. Уште еднаш се покажа дека одбраната е клучна за успехот. Денеска почнавме цврсто во одбрана, онака како што баравме во овие шест дена. Уште еднаш се покажа дека кога играме добро во одбрана, потоа имаме силни играчи кои можат да постигнат гол. Фала и на публиката која денеска беше наш осми играч. Јас се надевам сѐ повеќе луѓе ќе доаѓаат и ќе уживаат во добар ракомет, рече Кастратовиќ.

-Многу сум среќна и горда на мојот тим. Денеска покажавме дека сме многу силен тим. Знам дека не почнавме добро во ЛШ, но важно е што им покажавме на навивачите и на цело Скопје дека ние имаме квалитет. Атмосферата денеска беше неверојатна, одигравме тимски. Сега мора да продолжиме да работиме, изјави Алтхаус.