Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки го покажаа вистинското “лице“ , Митјиланд разнишан во Ј. Сандански
Вардарки го покажаа вистинското “лице“ ,  Митјиланд разнишан  во Ј. Сандански

Вардарки го покажаа вистинското “лице“ , Митјиланд разнишан во Ј. Сандански

Вардарки успешно се вратија на победничките патеки, во групната фаза во лигата на шампионите. Сосема спротивен натпревар и издание на нашите девојки, од оној прв дуел против Ѓер. Одличната игра во првото полувреме, каде имавме осум голови предност, беше клучна за конечниот триумф.

Митјиланд се радуваше само во првата минута кога поведе со 0:1, што беше нивно единствено водство. Најдобриот стрелец од минатата сезона Андреа Пенезиќ е наш најрасположен играч на почетокот на овој меч. Таа ги постигнува три од првите четири голови за својот тим и за предност од 4:2. Хмирова и Дембеле ја следата нејзината добра игра и погодуваат за да се одалечиме на високи 6:2 во 8 минута од мечот. Јенсен ја прекинува нашата серија, но само за кратко, во следните минути следува наша серија од 4:0 за највисоки 10:3 со голот на Радичевиќ. Данскиот првак ја прекинува таа лоша серија без погодок цели 6 минути, преку бекот Кристијансен. Нашиот организатор на играта Андреа Лекиќ игра одличен меч, постигнува гол за најголеми во тие моменти 12:4. Во продолжение од натпреваруваат следуваат неколку наши грешки и промашени напади, што му овозможува на противникот да даде три голови во серија за намалување на 12:7. Во исти стил на спротивната страна враќаат и Вардарки, за повторно да ги вратиме оние највисоки 15:7, заслуга на Дамњановиќ која погоди во два последователни напади. До крајот на првиот дел двете екипи постигнаа по еден гол, за на полувреме да се замине со резултат 16:8. Суслина бранеше во првиот дел и забележа 7 одбрани.

Второто полувреме започна одлично за нас, со првиот погодок на Ихнева. Набрзо веќе имавме и двоцифрена предност од 21:11, со вториот гол на Алена Ихнева. Кога мислевме дека до крај ќе го разнишаме Данскиот тим, следува нивна подобра игра за намалување на нашата позитива. Во 40 минута, Митјиланд намалува на 22:15. Дојде до замена на нашиот гол, Лејно ја замени Суслина, но без позитивен ефект. За жал Лејно не успеа да одбрани ниту еден удар за минутите кои ги помина на голот. Данките се повеќе се закануваа кон нашиот гол, но и полека го кршеа резултатот. Кристијансен беше една од подобрите противнички ракометарки, која погодува за намалување на 25:20. Добро за нашиот шампион, што во овие тешки моменти ги имавме расположените Пенезиќ и Радичевиќ, кои беа единствените што ја одржуваат предноста од пет погодоци. Можеби печат на вториот триумф во групната фаза, стави Пенезиќ која погоди за резултат 30:24, на четири минути пред крајот. Данките немаа време да сторат нешто повеќе и мораа да се помират со поразот. Конечниот резултата гласеше 33:24

Убедливо најдобра во нашиот состав беше Пенезиќ со 10 голови. Ина Суслина имаше 10 успешни интервенции.