Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Продолжува низата без пораз, Вардар го совлада Металург како ”гостин” во Маџари
Продолжува низата без пораз, Вардар го совлада Металург како ”гостин” во Маџари

Продолжува низата без пораз, Вардар го совлада Металург како ”гостин” во Маџари

Вардар минимално го совлада Металург како гостин во населбата Маџари, стрелец на голот за Вардар беше Ромеро. Продолжува низата на ФК Вардар без пораз, и без примен гол. Повеќе од 600-тини минути Пачовски нема примено гол. Седлоски на овој натпревар се одлучи за следните 11-мина: СОСТАВ: 28. Пачовски, 3. Попов, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 9 Блажевски, 11. Асани, 16. Глигоров, 19. Хамбарџумјан, 22. Ивановски, 58. Ромеро, 70. Фелипе. РЕЗЕРВИ: 90. Гачевски, 7. Љамчевски, 14. Велковски, 17. Стојков, 21. Новак, 77. Брдаровски, 97. Петковски.  Првите 10 минути од натпреварот поминаа со иницијатива на нашиот тим, но без поголеми воозбудувања. Металург имаше една убава шанса во 7′ но Пачовски тоа добро го следеше и ја ”прибра” oваа топка. Прекин во Маџари, главниот судија Мустафи го прекина натпреварот поради скандирање од трибините против ФФМ. Истиот продолжи по неколку минутен прекин. ГОООООООЛ 28′ Ромеро! мексиканецот покажува дека има одличен удар, каков гол од слободен удар, преку 20 метри од голот на Металург. Вардар напаѓа, Металург се брани, но засега останува 0-1, каква шанса за Ромеро, доби топка по земја од Асани, биеше од пет метри, но голманот на Металург му го одбрани овој удар, останува 0-1. Крај на првиот дел, води нашиот тим со 0-1

Почеток на вториот дел, прва замена во 53′ Асани излезе на негово место влезе П,Петковски. Убава можност имаше Хамбраџумјан во 56′ сепак свирнат беше офсајд. Корнер ФК Вардар имаше во 63′ но никој од високите играчи на Вардар не успеја да ја зафати топката со глава, останува 0-1. Убава прилика во 68′ имаше Петковски, но многу лошо ја зафати оваа топка. Втора замена во нашиот тим, 70′ излегува Дејан Блажевски, на негово место во игра влегува Благојa Љамчевски. Ништо позначајно не се случуваше овие 15-тина минути, како да се задоволија и двата тима со овој резултат. Трета измена во Вардар. Дарко Велковски на местото на Цезар Ромеро во 89 минута во игра.  Крај на натпреварот, нашиот тим победи со резултат 1:0, за нови три бода.