Вчера се одигра 5 коло во рамките на детската лига, во која паралелно учествуваат и Вардаровите генерации. Свои настапи имаа генерациите “2003“ , “2006“ и “2007“ , додека слободни во ова коло беше генерацијата “2002“ која пак денес има настап во Вардар-лигата.
Фк Вардар генерација “2003“ запиша нова победа, откако беше поуспешна од екипата на Фк Смиљковци. Во првото полувреме противникот пружаше голем отпор и успешно се бранеше, иако имавме шанси за погодоци и во овој дел од играта. Сепак за да нема поголеми изненадувања се погрижија Ивaн Пaшaрикoвски и Филип Геoргиевски, кои погодија за триумф од 2:0.
Противници на двете екипи за Фк Вардар генерација “2006“ беше тимот на Албарса. Беа забележани една победа и еден нерешен резултат.
Фк Вардар(1) испушти голема можност да победи на овој дуел, против Албарса (1) . Конечниот резултат галсеше 1:1. Играта беше околу 70 спрема 30 % на страната на младите Вардарци. При водство од 1:0 за црвено-црните, пропуштивме прилика да ја зголемиме предноста, откако не искористивме неколку одлични прилики за погодок. Противникот во последната минута од мечот од слободен удар го израмни резултатот, за поделба на бодовите. Стрелец на единствениот погодок за нас беше Максим Цониќ.
Фк Вардар (1) : Андреј Данчевски, Максим Цониќ, Давид Голубов, Милош Спасовски, Дамјан Крстевски, Михаил Николов, Андреј Стефковски, Филип Спасовски.
Фк Вардар (2) го победи истиот противник со минимални 1:0. Убедливо најдобар поединец на овој меч беше Никита Патаровски, кој беше и стрелец на единствениот гол на овој меч.
Фк Вардар(2) : Лука Јаневски, Данил Ордевски, Иван Блажевски, Ангел Крстевски, Михаил Танчев, Никита Патаровски, Милош Спасовски, Филип Спасовски.
Последната генерација со која го заокружуваме ова коло се избраниците на тренерот на Томче Трајановски.
Фк Вардар (1) генер. “2007“ беше поразен во натпреварот со екипата на Спорт ефе. Конечниот резултат глaсеше 1:3. Петар Мицевски погоди за Вардарци.
Фк Вардар(2) пак не дозволи изненадување и речиси го прегази својот противник, тимот на Скупи. Петарда во нивната мрежа испратија Стефан Младеновски со дури 4 погодоци и 1 на Борјан Томовски.