Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Денес се одигра фудбалски турнир во “Јуниор лигата“ за генерација “2001“
Денес се одигра фудбалски турнир во “Јуниор лигата“ за генерација “2001“

Денес се одигра фудбалски турнир во “Јуниор лигата“ за генерација “2001“

Денес на главниот терен во населбата Ѓорче се одигра ревијален турнир во фудбалската “Јуниор лига“ . Настапија екипите на Вардар, Еуроспорт ( Куманово), Еврофудбал (Охрид) и Форца. Се одиграа вкупно четири натпревари помеѓу споменативе екипи.

Фк Вардар генерација “2001“ одигра два натпревари и забележа една победа и еден пораз. Најпрво избраниците на Сашо Јанев се сретнаа со екипата на Еврофудбал од Охрид и загубија со минимален резултат од 0:1. Инаку се играше две полувремиња по 25 минути. Во вториот меч од денешната програма своите сили ги одмерија тимовите на Форца и Еуроспорт. Овој дуел заврши со победа на екипата од Куманово со резултат 2:0.

Вардарци вториот дуел го одиграа со екипата на Еуроспорт. За разлика од претходниот меч, црвено-црните не дозволија ново изненадување и оставрија победа. Конечниот резултат гласеше 2:0. Стрелци на головите беа Ибрахим Ариф и Стефан Симоновски. Одлична игра за нашите момци, кои во најголем дел од мечот го имаа поседот на топка и на крај сосема заслужено победија. Во последниот натпревар на програмата за денешниот ден, беше дуелот помеѓу Форца и Еврофудбал од Охрид. Мечот заврши со триумф на Форца, со минимални 1:0.

Утре на истиов терен ќе се одиграат натпревари во генерација родени “2003“ и “2005“ година.