Иако требаше да биде дерби, натпреварот од 11 коло во детската фудбалска лига помеѓу екипите на Вардар и Шкендија, такво нешто не се случи. Целосна доминација за избраниците на Ане Андоновски, кои денеска го прегазија својот противник. Фк Вардар генерација “2003“ продолжува успешно да се натпреварува во детската лига. Оваа генерација има максимален учинок на бодови во досегашните 11 одиграни кола.
Се очекуваше можеби екипата од Арачиново да биде достоен противник за нашите надежи. Вардарци до врв ја наполнија мрежата на своите врсници од Шкендија. Уште по првото полувреме го најавивме високиот триумф, кога на одмор се замина со резултат 3:0. Црвено-црните го диктираа темпото на игра речиси во текот на целиот натпревар. Противникот немаше шанси да стори нешто посериозно кон нашиот гол. Мечот го красеше нашите одлични акции и постигнати голови. Конечниот резултат гласеше 9:0. Дамјан Ќосески и Влатко Стојановски постигнаа по два гола. Еднаш во листата на стрелци се запишаа: Благојче Јаневски, Дарио Јовановски, Горазд Јордановски, Филип Ѓоргоски и Андреј Стојчевски.