Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нов ”кикс” на ФК Вардар, 1:1 со Работнички
Нов ”кикс” на ФК Вардар, 1:1 со Работнички

Нов ”кикс” на ФК Вардар, 1:1 со Работнички

Уште една лоша игра на ФК Вардар. Испуштени нови два бода, овој пат против Работнички во Велес 1:1. Шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски се одлучи за овие почетни 11-мина: 28. Пачовски, 4. Мијушковиќ, 6. Грнчаров, 7. Љамчевски, 9. Блажевски, 10. Дашјан, 16. Глигоров, 22. Филип Ивановски, 70. Фелипе, 77. Брдаровски, 97. Петар Петковски. РЕЗЕРВИ: 90. Гачевски, 8. Спировски, 14. Велковски, 17. Стојков, 20. Николов, 21. Новак, 58. Глишиќ.

Вардарци натпреварот го започнаа на најубав можен начин. Во 9′ од натпреварот водство за ФК Вардар донесе младиот Петар Петковски. Ивановски нафрли во празно, топката дојде до П.Петковски, кој го матира домашниот голман за 0-1 предност на ФК Вардар. По водството, нашиот тим му ја препушти иницијативата на домашниот тим, но одличните неколку интервенции на Томе Пачовски не дозволија резултатот да биде израмнет. На полувреме резултатот беше 0-1 за Вардарци.

ФК Вардар во Велес има поддршка од повеќе од 100 Комити, во Велес има дупло повеќе гледачи отколку на првенствен натпревар во Скопје. Прва замена во ФК ВардарНа местото на Петар Петковски, во 53. минута влезе Бобан Николов. Дојде и 60′ минута од натпреварот, Работнички имаше шанса од слободен удар, но помина покрај голот на Пачовски, остана 0-1. Втора измена во Вардар. На местото на Дејан Блажевски, во 66. минута влезе Ацо Стојков. Во 71′ од натпреварот ништо ново, ФК Вардар и понатаму го бранеше резултатот од 0-1. Непотребно Вардар се затвори и прими гол. Љамчевски направи пенал, а Вујчиќ беше прецизен за 1:1. Пачовски спаси сигурна победа за Работнички, Вујчиќ промаши пенал нов во 90+. Крај на натпреварот 1:1