Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Една победа и пораз за Фк Вардар генер. “2005“ во 11 коло на детската лига
Една победа и пораз за Фк Вардар генер. “2005“ во 11 коло на детската лига

Една победа и пораз за Фк Вардар генер. “2005“ во 11 коло на детската лига

Денеска продолжија натпреварите во рамките на 11 коло во детската фудбалска лига. На терените на фудбалскиот клуб Работнички, свој настап имаше генерацијата на Вардар родени “2005“ година. Тие настапија со своите две екипи и забележаа половичен успех, односно една победа и еден пораз. Само да напомене дека ова е прв неуспех за една од екипите на тренерот Зоран Петковски во оваа сезона на детската лига.

Фк Вардар (2) го доживеа првиот пораз во новата натпреварувачка сезона на лигава. Иако беа далеку подобра екипа на теренот со голем број на шанси пред противничкиот гол, сепак среќата денес не беше на нивна страна. Вардаровите момчиња на неколку пати имаа големи прилики за постигнување гол, погодија и неколку стативи и сами излегоа пред противничкиот чувар на мрежата, но резултатот остана непроменет. Уште по првиот дел екипата на Њу Старс имаше водство од 0:1, кое среќно го задржа до самиот крај.

vardarfans detska liga 2

Фк Вардар (1) пак триумфираше со другиот тим на Њу Старс, со конечен резултат од 3:1. Иако имавме негатива по првиот дел, црвено-црните не дозволија ново изненадување и во второто полувреме го демонстрираа на вистински начин својот квалитет. Уште на почетокот на вториот дел го израмнија резултатот, а потоа со уште два погодоци ставија точка на овој дуел. Стрелци на головите за Вардар беа: Никола Јовановски, Тино Спасиќ и Дарко Секоски.