Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Денес во Охрид, контролен натпревар ќе одиграат младинците на ФК Вардар и екипата на Хата од Дубаи, која е предводена од Ѓоко Хаџиевски
Денес во Охрид, контролен натпревар ќе одиграат младинците на ФК Вардар и екипата на Хата од Дубаи, која е предводена од Ѓоко Хаџиевски

Денес во Охрид, контролен натпревар ќе одиграат младинците на ФК Вардар и екипата на Хата од Дубаи, која е предводена од Ѓоко Хаџиевски

Денес со почеток од 18 часот на стадионот “Билјанини извори „ во Охрид, пријателски натпревар ќе одиграат младинците на фудбалскиот клуб Вардар и екипата на Хата од ОАЕ, Дубаи која е предводена од легендата на Вардар и Македонскиот фудбал, како и поранешниот спортски директор на црвено-црните, Ѓоко Хаџиевски. Неговата екипа од 1-ви август се наоѓа на подготовки во Македонија, кои ги започнаа во градскиот парк каде тренираа на терените на ФК Работнички, додека од 6-ти август се наоѓаат во Охрид и тука ќе останат се до 16-ти овој месец.

По взаемна соработка на новиот директор на младинската школа во Вардар, Бобан Бабунски и координаторот Сашо Милошевски со Хаџиевски, е договорен пријателски натпревар кој ќе се одигра попладнево во Охрид. Новиот тренер на младинците, Петар Ѓорѓиевски во Охрид ќе понесе 23 играчи, кои се очекува да добијат шанса против тимот на Хата. Ова се последните подготовки за нашите младинци, кои на 19/20-ти август ја стартуваат новата сезона и тоа на домашен терен против екипата на Ренова.