Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Следниот викенд започнува втората сезона на регионалната “скопска„ лига, дебитанти се Вардаровата генер. “2004„ , додека повозрасните од “2003„ ја бранат двојната титула освоена минатата сезона
Следниот викенд започнува втората сезона на регионалната “скопска„ лига, дебитанти се Вардаровата генер. “2004„ , додека повозрасните од “2003„ ја бранат двојната титула освоена минатата сезона

Следниот викенд започнува втората сезона на регионалната “скопска„ лига, дебитанти се Вардаровата генер. “2004„ , додека повозрасните од “2003„ ја бранат двојната титула освоена минатата сезона

Следниот викенд стартува новата сезона во регионалната “скопска„ лига, за генерации родени “2003„ и “2004„ година. За прв пат во неа ќе се натпреварува генерацијата родени “2004„ година, додека момчињата родени “2003„ година ја бранат двојната круна освоена од минатата сезона. Тие во новата сезона ќе имаат нов тренер, во името на Горан Петрески или популарниот како што го нарекуваат Чунга-лунга, кој ќе го замени Томче Трајановски, кој напоменавме дека со истава генерација минатата сезона го освои трофејот во лигата и националниот куп. Дебитанти во регионалната скопска лига, ќе бидат Вардарците од генерација “2004„ кои минатата сезона беа шампиони на детската лига. Ова за нив ќе биде едно ново искуство и предизвик за докажување. Нивни тренер во новата сезона е Сашо Јанев, кој минатите две години работеше со помладите пионери на Вардар, а го заменува Ане Андовски, кој од оваа сезона ќе работи со помладата генерација “2005„ на ФК Вардар. Истиот распоред на одигрување натпревари важи за двете генерации на ФК Вардар кои ќе се натпреваруваат во оваа лига, а дебитант кај генерација “2003„ е фудбалската школа, “Гроздановски„, на довчерашниот играч на ФК Вардар, Влатко Гроздановски. За прв пат оваа сезона, кај генерација “2003„ во Скопската лига ќе се натпреварува и екипата на Шкендија од Тетово, која минатата сезона го освои првото место во другиот регион на натпреварување. И тука како кај повозрасните генерации ќе се играат три круга, од по 9 натпревари, значи вкупно 27 мечеви во текот на целата сезона треба да одиграат екипите на Вардар.

Ова е распоредот на одигрување натпревари за двете Вардарови генерации, родени “2003„ и “2004„ година:

1 коло: Вардар – Академија ФФМ  19/20.08.2017

2 коло: Вардар – Работнички   26-27.08

3 коло: Македонија Ѓ.П. – Вардар  09-10.09

4 коло: Вардар - Шкупи  16-17.09

5 коло: Њу Старс - Вардар  23-24.09

6 коло: Вардар – Форца  30-01.09 -10.

7 коло: Скопје - Вардар  14-15.10

8 коло: Вардар – Гроздановски  21-22.10

9 коло: Шкендија Тетово – Вардар  28-29.10

10 коло: Академија ФФМ - Вардар  04-05.11

11 коло: Работнички – Вардар  18-19.11

12 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  25-26.11

13 коло: Шкупи – Вардар  02-03.12

14 коло: Вардар – Њу Старс  06-07.12

15 коло: Форца – Вардар 03-04.03.2018

16 коло: Вардар – Скопје  10-11.03

17 коло: Гроздановски – Вардар  17-18.03

18 коло: Вардар – Шкендија Тетово  24-25.03

Распоредот на одигрување мечеви во третиот круг ќе биде одреден според позицијата на табелата, по одигрување на двата круга, на сите екипи кои се дел од лигата.