Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Без Дашјан, Глишиќ, Брдаровски, Велковски и Гачевски против Волфсбергер
Без Дашјан, Глишиќ, Брдаровски, Велковски и Гачевски против Волфсбергер

Без Дашјан, Глишиќ, Брдаровски, Велковски и Гачевски против Волфсбергер

  • Тимот на Фк Вардар на денешниот пријателски натпревар против австриски Волфсбергер ќе биде ослабен за 5 играчи. Дашјан поради повреда,  се враќа во Скопје и ќе оди на терапија на залечување на повредата. Дарко Велковски по операцијата на препоните сеуште тренира во умерено темпо, па така и овој играч нема да настапи на денешниот пријателски натпревар. Додека пак Глишиќ, Брдаровски и Гачевски имаат полесни истегнувања, па Седлоски нема да се ризикува и со нив, па овие играчи ќе го пропуштат овој воведен натпревар во Анталија.

    nimani-vardar

    Се очекува деби настап во црвено – црниот дрес да имаат Којашевиќ, Ќеран и играчите кои се на проба во Вардар, а тоа се Христијан Денковски и најновиот играч, французинот Фредерик Нимани.