Репрезентацијата на Македонија за малку не успеја да освои 2 бода на ЕП во Полска. Вчера нашите момци одиграа само реми со Норвешка 31:31. Иако нашите играчи одиграа перфектно прво полувреме, и го добија со 17:13 сепак не беа доволни за на крај да се радуваме на прва победа на ова ЕП. Но и со овие 31:31 мора да бидеме горди на нашите играчи кои го оставија срцето на терен. Ни останува уште мечот утре против Белорусија, за што подобар пласман, и за обезбедување на Олимписка норма.
Во нашиот табор, маестро Кирил Лазаров постигна дури 11 погодоци, каде беше и прогласен за играч на натпреварот. Нашите играчи вкупно придодадоа 9 голови во салдото на Македонија. Дејан Манасков постигна пет погодоци, Стоилов постигна два, додека пак Ф. Лазаров придодаде исто така два погодоци.