Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Одложен силниот меѓународен фудбалски турнир во Бугарија, за генерација родени 2003 година
Одложен силниот меѓународен фудбалски турнир во Бугарија, за генерација родени 2003 година

Одложен силниот меѓународен фудбалски турнир во Бугарија, за генерација родени 2003 година

Во периодот од 31-ви јануари до 5-ти вефруари генерацијата родени 2003 година на фудбалскиот клуб Вардар требаше да учествува на силен меѓународен турнир во Бугарија. Силни реномирани екипи како Галатасарај, Црвена Ѕвезда и ПАОК се најавуваат како  дел од турнирот, на кој честа да се докажат ќе имаат и нашите млади надежи. Ќе учествуваат уште и Левски и Локомотив од Софија, ДИТ Спорт, Беласица (Петриќ), Черно Море. Се очекува својот настап да го потврди ЦСКА, Славија, Берое и други силни екипи. Засега првивремено истиот е одложен поради лошите временски услови, кои владеат во Бугарија.

Избраниците на Ане Андовски веќе десет дена напорно се подготвуваат за пролетниот дел од сезната. Токму силниот турнир во Бугарија, кој би требало да се одржи ќе претставува вистински тест за формата и спремноста на младите Вардарци.