Фк Вардар генерација “2003“ веќе десет дена напорно се подготвува за пролетниот дел од сезоната. Оваа екипа порано започна со тренинзи, бидејки од 31-ви јануари требаше да биде дел од силен меѓународен турнир во Бугарија. Сепак истиот е одлозен поради лошите временски услови во оваа земја. Засега избраниците на Ане Андовски тренираа под “Кале“ на теренот со вештачка трева. Викендов одиграа пријателски натпревар во Велес, против екипата на Борец и забележаа убедлив триумф со резултат 8:0. Вечерва бевме присутни на нивниот тренинг и ви донесуваме неколку фотографии.