Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Запознавање со тимот на Волфсбергер
Запознавање со тимот на Волфсбергер

Запознавање со тимот на Волфсбергер

Утре со почеток во 14 часот и 30 минути, Фк Вардар го игра првиот свој натпревар на подготовките во Анталија. Противник на црвено – црните ќе биде добро познатиот тим, екипата на Волфсбергер од Австрија. Тимот на Волфсбергер се натпреварува во првата австриска лига, но по оваа полусезона австријците се наоѓаат на последното место со само 19 освоени бодови односно 5 победи, 4 нерешени и 11 порази. Тимот на Волфсбергер главно е составен од австриски играчи, но во тимот има и 7 интернационалци. Еден играч на Волфсбергер доаѓа од Србија, неговото име е Рниќ Немања, се работи за искусен дефанзивец кој во минатото има настапувано за Партизан и Андерлехт.
Wolfsberger_AC

Интересно е тоа што во тимот на Волфсбергер сите напаѓачи се странци. Најефикасен играч на екипата е Исиака од Буркина Фасо, кој има постигнато оваа полусезона пет погодоци. Исто така еден од најдобрите играчи на овој тим е и Силвио, бразилскиот интернационалец кој оваа полусезона постигнал четири погодоци. Силвио во минатото имал настапи во Германија за Унион Берлин. Покрај овие двајца, напаѓачи на Волфсбергер се и, словенецот Тридина, и швеѓанецот Хелѓист.