Младинците на Фк Вардар ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезоната, пред кои им претстои тешка битка за освојување на двојната круна. За остварување на конечната цел, црвено-црните се засилија со двајца нови играчи. Веќе го најавивме Димитар Кремчески, кој ке ја освежи средината од теренот, додека вториот нов играч доаѓа од редовите на Работнички. Се работи за Трајче Атанасов кој може да игра на позициите лев и десен бек.
-Моите први впечатоци за клубот се одлични, соиграчите ме прифатија на најдобар можен начин. Во моментов сме на третата позиција во лигата. Секако дека ке го дадеме нашиот максимум за да можеме пролетниот дел да го завршиме на првото место од табелата. Се надевам дека ке ги добиеме натпреварите со нашите директни конкуренти, затоа што работиме максимално. Со некој играчи се познавам подолг период, а мој најголем другар е голманот Филип Трајчевски.
Ова ќе биде прва полусезона за овој млад играч во редовите на Вардар, за кого предизвик е да се биде дел од најголемиот клуб во Македонија.
-Во овој клуб сум прв пат , и предизвик е да да бидеш член на овој клуб, затоа што Вардар е најуспешен и најпознат тим во Македонија. Верувам дека на секој млад фудбалер му е сон да заигра за клуб како Вардар, изјави Трајче Атанасов за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски