Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одличните Штербик и Дибиров не беа доволни нивните репрезентации да забележат победи
Одличните Штербик и Дибиров не беа доволни нивните репрезентации да забележат победи

Одличните Штербик и Дибиров не беа доволни нивните репрезентации да забележат победи

Русија пропушти голема шанса со победа да се вмеша во борбата за полуфиналето на Европското ракометно првенство, додека Шпанија беше поразена во дуелот со селекцијата на Данска, која веќе со една нога си обезбеди полуфинале.

Ниту седумте погодоци на Дибиров не беа доволни селекцијата на Русија да забележи триумф во дуелот против Германија. Само еден гол разлика го реши победникот на овој дуел и по првото полувреме предноста на Германија не беше повисока од еден погодок. Иако Русите добро го започнаа овој дуел и имаа предност од 3:0, како течеше натпреварот противникот воспоставуаше резултатска рамнотежа. Првото израмнување се случува во 20 минута, кога резултатот беше 10:10. До крајот на првиот дел, Германците успеаа да заминат на одмор со водство од 17:16.

На почетокот на второто полувреме, Германија успеаа да поведе и со плус три гола, а во 41 минута да има највисоки пет голови предност. Мечот донесе неизесна заршница, откако резултатот беше нерешен 26:26. Повторно успеаа да се одалечат на три гола, но Русија не се предаде, дури и имаше последен напад за израмнување. Сепак тоа не се случи бидејки непрецизен во својот обид беше Житников. Дибиров повторно најефикасен со 7 голови, Горбок додаде 3, додека Шишкарев беше стрелец на 1 гол. За одбележување е одлината цепелин атракција на Вардаровите крила, Дибиров-Шишкарев.

Штербик со своите 21 одбрана не успеаа да и помогне на Шпанија да забележи триумф во дербито на групата против Данска. Иако по првите 30 минути имаа предност од 14:11, избраниците на Маноло Каденас имаа несфатлив пад во втората половина на второто полувреме, кога Данска имаше највисоки пет голови предност. Конечниот резултат гласеше 27:23. Штербик го бранеше целиот натпревар, но попусти беа неговите 21 одбрана. На крајот повеќе од заслужено ја доби наградата за најдобар играч во својата репрезентација. Македа го заврши натпреварот со 3 голови, а Душебаев постигна 1. Веќе во следното коло се среќаваат селекциите на Русија и Шпанија.