Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ја бара првата победа во 2019
Вардар ја бара првата победа во 2019

Вардар ја бара првата победа во 2019

За неполни два часа во Тетово започнува комплетното второ пролетно коло во ПМФЛ. Тимот на Вардар исто како и минатата недела гостува под Шара, овој пат кај секогаш незгодната Ренова.

Вардарци немаат победа од декември месец минатата година, па денеска сигурно дека ќе сакаат таа серија да ја прекинат со победа против “гипсарите”. Ренова покажа дека е квалитетна екипа против Работнички во минатото коло, кога во последните мигови од натпреварот постигнаа гол од пенал за 1:1. Васоски на денешниот дуел нема да може да смета на неколку стандардни првотимци како Брдаровски и Најдовски, а од поодамна повредени се и Попзлатанов и Попов. Очекуваме еден тврд натпревар, но и на крајот победа на Вардарци.

Веројатен состав на Вардар: Гачевски, Новак, Манев, Жуниор, Тошевски, Битанг, Мицевски, Фелипе, Цветаноски, Аврамовски и Лира.

Последни три дуели на овие екипи:
Вардар – Ренова 0:0
Ренова – Вардар 0:1
Ренова – Вардар 1:1