Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > Slider > Што значи кога имаш добри голмани, Гедбан беше „јунак“ во победата над Кристијанштад

Што значи кога имаш добри голмани, Гедбан беше „јунак“ во победата над Кристијанштад

Добри голмани се пола екипа, а тоа добро го покажаа Милосављев и Гедбан, во победата на Вардар во дуелот со Кристијанштад. Двајцата чувари на мрежата на црвено-црните имаат значајна улога во овој голем триумф на гостувањето во Шведска. Милосављев беше стартер и за 25 минути на голот имаше 5 одбрани, од кои и еден седмерец на стартот од натпреварот. Во вториот дел на сцена стапи, Гедбан кој придонесе за Вардар да се одлепи на четири голови предност, на 12 минути пред крајот на натпреварот. Во тој период, алжирецот правеше чуда и успеа да одбрани дури три зицери, тоа беа чисти ситуации за противничките играчи, кои Гедбан успеа да ги спречи.

Одбраната на мечот ја имаше на 70 секунди пред крајот на дуелот, кога Скубе изгуби топка во нападот, а Фреиман не успеа во контра-наапад сам небранет од никого да го совлада Гедбан на нашиот гол и да донесе израмнување. Во следниот напад на Вардар погоди Кристопанс што значеше и недостижни два гола предност на 30 секунди пред крајот на мечот. Гедбан го заврши дуелот со 8 одбрани, но најголем дел од нив беа чисти зицери на противникот.