Младиот играч од средниот ред Христијан Денковски отпатува со екипата на ФК Вардар во Анталија, но Седлоски и стручниот штаб ќе го тестираат Денковски во наредниот период, па ќе донесат одлука дали ќе остане во ФК Вардар и ќе му биде понудена соработка.
Инаку Денковски има 21 година, играч е од средниот ред, во нашиот шампионат играше за Работнички, потоа замина во Словенија да игра за Триглав, па направи еден одличен трансфер во редовите на холандскиот тим Гронинген, но за тимот на Гронинген не доби некоја посериозна шанса да се докаже. Останува да видиме дали Денковски ќе остане во Вардар оваа пролет. Според помината школа во Гронинген, се очекува Денковски да се прилагоди во редовите на нашиот првак, но останува на него самиот да ги увери лицата од Вардар дека има квалитет.