Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Борјан Тодоровски: Ми фалат неколку подготвителни натпревари за да можам да влезам во посакуваната форма
Борјан Тодоровски: Ми фалат неколку подготвителни натпревари за да можам да влезам во посакуваната форма

Борјан Тодоровски: Ми фалат неколку подготвителни натпревари за да можам да влезам во посакуваната форма

Капитенот на младинците на Фк Вардар, Борјан Тодоровски го пропушти есенскиот дел од сезоната поради повреда. Надежниот стопер на црвено-црните и Македонскиот фудбал, конечно се врати на тренинзите на својот тим, започнувајќи ги подготовките за пролетниот дел од сезоната. Црвено-црните од средата започнаа со физичка подготовка покрај кејот на Вардар, веќе од викендов се очекува да тренираат на новиот комплекс, во населбата Хиподром.

-Се чуствувам одлично, пред се среќен сум што сум повторно во нормален тренажен процес. Искрено ова беше еден тежок период, но се помина во најдобар ред. Рехабилитацијата помина одлично, се чуствувам сто посто подготвен, ми фалат само неколку подготвителни натпревари за да можам да влезам во посакуваната форма.

Нашите младинци го завршија есенскиот дел од сезоната на треттото место на табелата, со само два бода заостанување зад лидерот Шкендија. Во националниот куп, избраниците на Љупчо Марковски се пласираа во полуфиналето.

-Па релативно сум задоволен од мојата екипа со неколку непотребни киксови, но ништо не е загубено, трето место сме имаме само два бодови негатива во однос на првиот на табелата, исто така сме во полуфиналето на купот. Ќе се обидам со моето враќање на терените да помогнам да ја исправиме таа бодовна негатива како и успех во купот на Македонија, изјави Борјан Тодоровски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски