Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Заврши турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ , црвено-црните го освоија првото место во сите категории
Заврши турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ , црвено-црните го освоија првото место во сите категории

Заврши турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ , црвено-црните го освоија првото место во сите категории

Во периодот од 12-20-ти јануари во четири сали во Скопје и тоа во големата и малата сала во СЦ „Јане Сандански“, во СРЦ „Кале“ и во салата на основното училиште „Круме Кепески“ во населбата Кисела Вода.На турнирот  настапија 1193 деца од 102 екипи во пет возрасни категории, 1998/99, 2000/01, 2002/03, 2004/05 и од 2006 до 2009 генерација.

Во првите три дена се играа натпреварите во машка конкуренција, за генерации родени 1998/99, 2000/01 и 20002/03. Во сите три конкуренции, Вардаровите екипи го освоија првото место. Нашите играчи доминираа во изборот за најдобри играчи и во идеалниот тим на турнирот.  Пионерите на Рк Вардар генерација родени 20002/03 кои ги предводи Андријана Будимир го освоија првото место на завршниот турнир. Тие во големото финале ја совладаа екипата на Кичево, со резултат 22:8. Тројца играчи од составот на Будимир на крајот беа избрани во идеалниот тим. Ненад Ангеловски е најдобар голман, најдобро лево крило е Дамјан Димитриевски. За МВП или најдобар играч на завршниот турнир беше прогласен Бојан Чакалиќ.

vardarfans-pionerite-i-kadetite-prvo-mesto-660x330

Кадетите на Рк Вардар генерација родени 2000/01 исто така станаа освојувачи на овој турнир, откако во финалето ја победија екипата на Рк Илинден-Вардар. Во овој дуел избраниците на Слободан Чивлачки победија со резултат 18:14. За најдобар голман на турнирот беше прогласен Марко Кизиќ. Христи Бикоски го доби признанието за најдобар играч, додека Ален Ќосевски се најде во идеалниот тим, како најдобро десно крило.

vardarfans-kadeti-sampioni-1

Најинтересното машко финале на завршниот турнир, беше во генерација родени 1998/99, во кое се сретнаа двете младински екипи на ракометниот клуб Вардар. Младинците на Рк Вардар во “братското“ финале беа подобри од екипата на Рк Вардар Јуниор со резултат 30:19. Пет наши ракометари добија награди за најдобри играчи, при доделувањето на наградите за најдобрите. Признанието за најдобар играч на турнирот му припадна на Алија Амзоски, додека за најдобар голман беше прогласен Кристијан Стојов. Во идеалната седморка се најдоа Дамјан Трајковски какао најдобар среден бек, Стефан Чакалиќ најдобро лево крило, а пикерската позиција му припадна на Андреј Мицаноски.

vardarfans-rk-vardar-osvojuvaci-na-turnirot1-660x330

По завршување на машкиот дел од турнирот, следниот ден стартуваше и натпреварувањето во женска конкуренција. Нашите женски екипи ги повторија успесите на машките и славеаа во сите генерации. Пионерките на Рк Вардар предводени на клупата од Драгана Пецевска Ристова го освоија првото место на завршниот турнир. Тие во финалето беа подобри од екипата на Ѓорче Петров, дури после изведувањето на удари од седум метри. Во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 12:12.На свеченото затварање на турнирот, беа свечено доделени наградите за најдобрите поединци. Во идеалниот тим на завршниот турнир се најдоа Ангела Костовиќ како десен бек и Ива Ангеловска на позицијата лево крило. Признанието за најдобар голман го доби Јована Трајковска од редовите на Вардар.

vardarfans-prvo-mesto-za-pionerkite-660x330

Во конкуренција на кадетки, генерација родени 2000/01 во финалето се сретнаа двете кадетски екипи на ракометниот клуб Вардар. Поуспешна беше екипата на Рк Вардар, која забележа победа со резултат 23:11 во дуелот со Рк Вардар Јуниор. Деспина Буцевска од редовите на Рк Вардар беше избрана за најдобар голман. Во идеалниот тим, пак се најдоа три ракометарки од кадетските екипи на Вардар. Најдобар среден бек е  Анастасија Нелоска (Рк Вардар), позицијата лево крило и припадна на ИвонаТрпевска (Рк Вардар-Јуниор), додека Бојана Диневска( Рк Вардар) е најдоброто десно крило на турнирот во кадетска конкуренција.

vardarfans-kadetki-41

Младинското финале во женска конкуренција исто така им припадна на Вардарки, кои во финалниот натпревар убедливо ја совладаа екипата на Ѓорче Петров со резултат 20:13. Пет наши ракометарки земаа и поединечни награди на завршниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“. Јована Мицевска е најдобар голман, Тина Тодорoвска најдобар играч. Крилните позиции им припаѓаат на Вардарки, на лево крило е Анастасија Николовска и на десно Ана Станиќевска. Најдобар лев бек е Ива Божиноска.

vardarfans-127-660x330

Ние како медиум кој известува и ги промовира младинските категории бевме присутни и на завршниот турнир за генерации родени 2004/05 година. Тука во машка конкуренција првото место го освои екипата на Рк Бисинов-Вардар од Велес, која во финалето ја победи Опш. Кисела Вода, додека освојувач во женска конкуренција е тимот на Рк Кастратовиќ 1, со триумф над Академија 1. На доделувањето награди беа присутни лица, како Тања Медвед, Годана Нацева, Раул Гонзалес, Девис Камара, Блаженко Лацковиќ, Алем Тоскиќ, Матјаж Брумен, Алена Ихнева, Татјана Хмирова, Андреа Човиќ На овој начин успешно го заокруживме второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, со надеж дека овој турнир ќе стане голема традиција за ракометното семејство на Вардар.