Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ОФИЦИЈАЛНО: Фелипе во ФК Вардар до јуни 2018
ОФИЦИЈАЛНО: Фелипе во ФК Вардар до јуни 2018

ОФИЦИЈАЛНО: Фелипе во ФК Вардар до јуни 2018

Како што соопштува клубот нашиот бразилски интернационалец  Хуан Фелипе Алвес Рибеиро официјално го продолжил договорот за нови 2,5 години со црвено-црните. Оваа вест и претходно беше позната, а и самиот Филипе во изјавата пред подготовките за Вардар фанс ја потврди веста и дополни дека сака да го одработи овој договор до самиот крај.

Со новиот договор верноста на бразилецот и Вардар ќе трае се до завршувањето на сезоната 2017/18. Тој претходно го носеше дресот на софиска ЦСКА од каде дојде  во Вардар,   на почетокот од оваа натпреварувачка сезона. Во текот на изминативе шест месеци  одигра 17 првенствени дуели постигна 3 голови, а имаше 4 асистенции.