Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардар стартува дома на 6 февруари со тетовски Кк Тетекс
Кошарка! Вардар стартува дома на 6 февруари со тетовски Кк Тетекс

Кошарка! Вардар стартува дома на 6 февруари со тетовски Кк Тетекс

Во моментов во втората по квалитет македонска кошаркарска лига има пауза по одиграниот прв круг. Истата според планираното ќе трае се до до 6-ти фебруари 2016 година. КК Варар по одиграните девет кола оваа зимска пауза ќе ја мине на втората позиција од табелата. Нашиот црвено-црн кошаркарски колектив има 15 освоени бода во досегашниот дел од сезоната во втората кошаркарска лига.

Во првиот есенски дел вардарци остварија шест победи, а забележаа неуспех на три меча оваа полусезона. Покрај Вардар со еквивалентен број на освеони бодови се уште и тимовите на битолски КК Пелистер, екипата на КК Гостивар 2015 и скопскиот ривал кој ни нанесе пораз во последното коло кое се играше во Кале, тимот на КК Водњански Лисици. Лидер на табелата е тимот на АБ Охрид со максимален број на победи и освоени 18 бода. Првиот меч за црвено-црните е на домашен терен со тетовски КК Тетекс на 6 фебруари во малата сала при С.Р.Ц “Кале“. Во првиот дуел со овој противник вардарци на гости во Тетово однесоа победа со 81-93. Распоредот од сите девет пролетни кола, заедно со термините во кои се закажани мечевите од нашата лига ќе може да ги погледнете на следните две фотографии :

1 2