Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Фк Вардар “осетно“ се засилија – Димитар Кремчески: Како мал од секогаш сум имал желба да го облечам црвено-црниот дрес
Младинците на Фк Вардар “осетно“ се засилија – Димитар Кремчески: Како мал од секогаш сум имал желба да го облечам црвено-црниот дрес

Младинците на Фк Вардар “осетно“ се засилија – Димитар Кремчески: Како мал од секогаш сум имал желба да го облечам црвено-црниот дрес

Младинците на Фк Вардар “осетно“ се засилија пред стартот на пролетниот дел од сезоната. Нов играч во младинскиот состав на црвено-црните е Димитар Кремчески. Се работи за брз играч, кој располага со одлични квалитети и настапува на средината од теренот.

-Имав некои недоразбирања со тренерот на младинците во Металург и немав настапи за оваа екипа, дури и немав можност да тренирам со ова екипа. Така се одлучив да побарам нова средина каде ќе настапувам, се слушнав со мојот поранешен тренер Влатко Колев кој оваа сезона ги води кадетите на Вардар и тој ме повика да дојдам на тренинг.

Кремчески беше дел од младинските категории на Металург, каде работеше сегашниот тренер на кадетите на Вардар.

-Колев најдобро ме познава каков играч сум, бидејки минатата сезона кога бев дел од кадетите на Металург, тој беше тренер во младинскиот состав на оваа екипа.  Беше некаде пред крајот на есенскиот дел од сезоната, кога со младинскиот состав предводен од Љупчо Марковски одржав три тренинзи, тренерот се одлучи  да ми даде шанса да ги покажам моите квалитети во пролетниот дел од сезоната. Така земав исписница од мојот поранешен клуб и еве ме тука во Вардар.

Младинците на Фк Вардар во есенскиот дел од сезоната завршија на треттото место, со само два бода заостанување зад лидерот, екипата на Шкендија. Нашите младинци влегуваат во подеднаква борба за првото место во пролетниот дел, со оглед дека треба да играме домашни натпревари со најголемите ривали за ова прво место.

-Преблиску сме до првата позиција и секако дека имам голема желба на крајот од сезоната да завршиме на ова место, како и да играме во големото финале на националниот куп. Речиси со сите играчи од Вардар се познавам добро, одлично ме прифатија како нов играч. Мој најголем пријател е Виктор Димков, со кој се познаваме подолго време.

Димитар е свесен за големата конкуренција во новиот клуб, но сепак ветува дека ќе даде максиум да се избори за место во првите 11-сетмина. Негова желба од мал е да го облече црвено-црниот дрес.

-Секако дека ме “плаши“ големата конкуренција во мојот нов тим, кој располага со квалитетни играчи на секоја позиција. Сепак јас ќе дадам се од себе, напорно ќе тренирам и ќе ја чекам мојата шанса. Како мал од секогаш сум имал желба да го облечам црвено-црниот дрес. За мене Вардар претставува голем клуб и бренд не само во Македонија, туку и на Балканот, изјави Димитар Кремчевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски