Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нов договор за Дарко Глишиќ, во Вардар до 2018г
Нов договор за Дарко Глишиќ, во Вардар до 2018г

Нов договор за Дарко Глишиќ, во Вардар до 2018г

Покрај продолжувањата на договорите на Фелипе и Хамбарџумјан, црвено-црните се одлучија да го продолжат договорот и на дефанзивецот Дарко Глишиќ. На Дарко му е понуден, и прифатил нов 2.5 годишен договор. Дарко е фит по повредата што го мачеше, и е целосно на располагање на тренерот Гоце Седлоски.

Со потпишувањето на истиот, Даре ќе остане во црвено-црниот табор се до лето 2018 година. Левиот бек Глишиќ и остатокот од тимот се во Анталија каде нашите момци по тренинзите овој викенд, веќе во вторник ќе го имаат првиот тест-меч со австриски  ВАЦ Волфсбергер. Со австријците се сретнавме и во текот на ланските подготовки кога одигравме 1-1.