Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Официјално: Дербито ФК Вардар-Пелистер ќе се одигра од 18 часот, Комити го слават својот 30-ти роденден
Официјално: Дербито ФК Вардар-Пелистер ќе се одигра од 18 часот, Комити го слават својот 30-ти роденден

Официјално: Дербито ФК Вардар-Пелистер ќе се одигра од 18 часот, Комити го слават својот 30-ти роденден

Дербито помеѓу ФК Вардар и Пелистер и официјално ќе се одигра во недела со почеток од 18 часот. ФФМ и МВР попуштија на крајот и дербито дефинитвно ќе се одигра во вечерен термин. Овој ден ќе го одбележат Комити, кои слават 30 години постоење на навивачката сцена. Ви го пренесуваме во целост текстот на официјалната страна на клубот:

Во миговите кога нашиот тим го живее најголемиот успех на меѓународна сцена, нашата навивачка група „Комити“ слави роденден. Прославата од 30 години постоење ќе се случи токму на неделниот натпревар, а нашите најверни фанови истовремено ќе го слават и 70-годишниот јубилеј на клубот.

ФК Вардар ќе се вклучи во прославата на роденденот на нашите верни фанови. 70-тиот роденден на клубот како што најавивме и претходно ќе го прославиме идната 2018 година на свечен начин, со оглед дека во оваа година поради одржувањето на УЕФА Супер-Купот не бевме во можност да организираме целокупната програма за прослава на јубилејот.

Повелете на стадион во недела заедно да бидеме дел од овој спектакл и прославата на нашите навивачи, секако на крајот да заокружиме победа од вечното дерби.

Уште неколку информации за публиката пред неделниот меч со Пелистер:

за публика ќе биде отворена само јужната трибина на стадионот, а на запад ќе бидат сместени навивачите „Комити“

ќе се влегува од стадионот само од влезот југозапад (помеѓу јужната и западната трибина)

новинарските екипи ќе влегуваат од северната трибина, но поради ограничениот режим на сообраќај, нема да им биде дозволен влез со автомобили кон северната трибина, односно ќе мора пеш да пристапат до влезот за новинарите

секој новинар, камерман или фоторепортер кој ќе го следи дуелот и известува од истиот ќе мора да поседува соодветна акредитација за медиуми издадена од ФК Вардар (важат и од минатата сезона)