Европскиот шампион вечерва го одржа последниот тренинг пред утрешниот натпревар кој е дерби на колото во лигата на шампионите, против екипата на Рајн-Некар. Тие вечерва исто така го најавија јубилејот на Комити, кои слават 30 години постоење. Вечерва Скопје ќе биде преплавено од автомобили со навивачи на Вардар, Комитите го најавуваат својот јубилеј кој започнува денеска и ќе трае се до недела.
Се надеваме дека РК Вардар утре со триумф на најдобар можен начин ќе им го честита јубилејот на најдобрата навивачка група и нивниот осми играч, популарните Комити.
Фото: Gol.mk