Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар фаворит против Турингер, за да пренесеме осум бодови во следната рунда
ЖРК Вардар фаворит против Турингер, за да пренесеме осум бодови во следната рунда

ЖРК Вардар фаворит против Турингер, за да пренесеме осум бодови во следната рунда

Денес со почеток од 19 часот во спортскиот центар Јане Сандански, екипата на ЖРК Вардар ќе го одигра последниот натпревар од групата Ц, на кој за противник го имаме тимот на Турингер.

Вардарки имаат пет победи од исто толку одиграни натпревари и максимални 10 освоени бодови, додека екипата на Турингер се наоѓа на претпоследното место со 2 освоени бодови, колку има и екипата на Ларвик. Математиката вели дека пред одигрување на ова коло, Турингер е подобар во меѓусебниот дуел од екипата на Ларвик, па доколку двете екипи загубат во последното коло од Вардар и ФТЦ, тоа ќе значи пласман за Турингер во следната главна рунда од лигата на шампионите. Турингер го доби пвиот меч на гостински терен против Ларвик (27:31), додека загуби од истиов противник на домашен терен (22:25). Ларвик е домаќин на ФТЦ и тука се е можно, околу победникот, иако тимот од Унгариа е фаворит. Прашањето кое останува да добиеме одговор е колку бодови ќе пренесат екипите во следната фаза, каде ќе бида во група со првите три пласирани тимови од групата Д. Затоа црвено-црните вечерва не смеаат да калкулираат и треба да издвојуваат триумф, за да пренесат максимални осум освоени бодови во следната рунда.

Убедлив беше Вардар на првиот меч одигран во Германија, каде славевме со резулта 21:29. Тогаш најефикасна беше крилото Радичевиќ која постигна 8 голови, додека Лекиќ која денес нема да биде во составот, беше втор стрелец со 7 погодоци. Интересно е што противникот во Скопје пристигна само со девет ракометарки. Најдобар стрелец на Турингер е репрезентативката на Чешка, Ивета Лузумова која има постигнато до ова коло вкупно 44 голови. Радичевиќ на прес-конференцијата посака полна сала, бидејки Вардарки го заслужија тоа со досегашните игри и постигнати резултати. Се надеваме на победа и успешно заокружување на првата групна фаза.