Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Дербито во Битола, им припадна на младинците на Вардар
Дербито во Битола, им припадна на младинците на Вардар

Дербито во Битола, им припадна на младинците на Вардар

Младинците на Фк Вардар ги освоија трите бода, на гостувањето во Битола, откако беа поуспешни од Пелистер. Дербито заслужено им припадна на црвено-црните, со резултат 0:2. Ердон Даци и Кристијан Апостоловски беа стрелци на головите за Вардар.

Вардарци поведоа најпрвин со голот на Даци, преку воиграна комбинација од слободен удар. Потоа избраниците на Љупчо Марковски имаа уште неколку шанси, но не ги искористија. До крајот на првиот дел падна и вториот погодок. Преку брз контра-напад, нашите младинци постигнаа уште еден гол, за водство од 2:0. Ова беше и конечен резултат на овој натпревар. По примениот втор гол, домаќините како полека да се откажаа од некакво изненадување на овој дуел.

Во второто полувреме, повеќе се играше на средината на теренот. Вардар ја контгролираше играта и не дозволуваше никакви посериозни акции за противникот. До крајот на натпреварот имавме уште 2-3 прилики, но не успеавме да ги претвориме во гол. Со овој триумф, сега младинците имаат вкупно 7 бодови на табелата.