Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ромеро двоен стрелец во триумфот на Вардар, против Победа на пријателски меч
Ромеро двоен стрелец во триумфот на Вардар, против Победа на пријателски меч

Ромеро двоен стрелец во триумфот на Вардар, против Победа на пријателски меч

Нашиот шампион ја искористи паузата во домашното првенство за одигрување на пријателски натпревар, во Прилеп против екипата на Победа. Иако без речиси  без половина од стандардниот состав, црвено-црните ја совладаа Победа со резултат 3:0. Радува играта на Ромеро, кој успеа на два пати да се запише во листата на стрелци. Еднаш противничката мрежа ја погоди и Горан Попов.

Нашите момци одиграа одличен натпревар со висок процент на посед на топка и неколку одлични прилики за постигнување на гол. Трнерот Седлоски им даде можност да влезат во игра на сите играчи, кои му беа на располагање. Вакви мечеви се важни за одржување на добрата форма кај нашиот шампион, кој се наоѓа на првото место на табелата во ПМФЛ. Поради репрезентативни обврски недостасуваа ерменците Хамбарџумјан и Мирaнjан, како и нашите Николов, Пачовски, Глигоров, Брдаровски и младите Петковски и Велковски.